Џафери смета дека Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

од Stefanija Kuzmanovska

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател на државата.

„Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. И мислам дека нема да прифати да биде кандидат. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава и за оваа држава и за граѓаните во оваа држава. Така што, негова мисија е Европа, Европска унија и си работи на таа мисија“, изјави Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Тој смета дека натпреварот по однос на носењето на функција не е приоритет за Ахмети.

„Не мислам дека му е приоритет натпреварот по однос на носењето на функција. Да сакал функција, можел да ја има која било функција во овие 23 години“, рече Џафери.

Слични содржини