Џоли: Сè уште се обидувам да се разберам на 48 години, не бев целосно своја во последните 10 години

од Vladimir Zorba

Актерката Анџелина Џоли реши да проговори за бројни детали од нејзиниот деловен и личен живот.

Таа позираше за ноемвриското издание на магазинот „Вог“ и отворено зборуваше за новата работа, децата, проблемите и турбулентниот период што следеше по нејзиниот развод со Бред Пит.

„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Имањето деца ме спаси – и ме научи да бидам поинаква на овој свет. Мислам дека ќе завршев на мрачен начин, ако не сакав да живеам за нив. Тие се подобри од мене, затоа што сакате вашите деца да бидат такви“, изјави таа за Vogue.

Таа помина 12 години со Бред Пит и имаат шест деца – три посвоени и три биолошки. Двајцата решија да се разведат во 2016 година, а потоа јавно упатија навреди и обвинувања еден за друг.

Тие водеа судски спор за старателството над децата, како и за сопственоста на винарија во Франција, а дури неодамна постигнаа договор.

„Сè уште се обидувам да се разберам, на 48 години. Претпоставувам дека сум во транзиција како личност. Не чувствувам дека во последните 10 години бев целосно своја, на начин на кој не би сакала да навлегувам“, изјави Анџелина по тој повод.

„Моравме да се справиме со многу проблеми и сè уште ја наоѓаме нашата потпора“, додаде актерката.

Џоли неодамна го лансираше својот моден бренд „Atelier Jolie“.

„Не сакам да бидам голем моден дизајнер, сакам да создадам модна куќа за други луѓе, за тие да станат такви. Се надевам дека ќе сменам многу аспекти од мојот живот, а ова е оној кој е свртен напред“, изјави актерката.

Таа вели дека сака нејзиниот бренд да ги инспирира жените да ја покажат својата понежна страна.

Слични содржини