Докторката-родилка што криела дека свекорот е заразен со коронавирус всушност нема лиценца како лекарка

од Nikola Popovski

Докторката-родилка која што била примена прво на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје и криела дека нејзиниот свекор е заразен со коронавирусот, сепак не била докторка.

Лекарската комора на РМ на барање на ДСЗИ извршила проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар, информираат од Комората.

„Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит. Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на Лекарската комора.

Слични содржини