ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ: Детали од нападот на браната кај Херсон, водата стигна до населбите

од Stefanija Kuzmanovska

Откако беше оштетена браната на хидроцентралата Каховка, нивото на водата почнува постепено да се зголемува, а веќе стигна и до некои населени места, пишува украинскиот портал „Обозревател“.

Кај Нова Каховка нивото на водата е покачено за 10 метри, јави РИА Новости.

Загрозени се и десниот и левиот брег на регионот Херсон, иако повеќе на левата страна, бидејќи е пониска.

На десниот брег веќе е најавена евакуација на населбите Николаевка, Олхивка, Лвов, Тјагинка, Поњативка, Иванивка, Токаривка, Приднипрвске и делумно Херсон (островот Острив/Корабељ).

Претходно на интернет беа објавени мапи на територијата која е потенцијално загрозена од поплави.

На жителите низводно од браната Нова Кахова на реката Дњепар во Херсон им било кажано „да направат се што е во нивна моќ за да ги спасат своите животи“, рече шефот на регионалната воена администрација на Украина во Херсон.

Украинскиот новинар и блогер Костјантин Риженко денеска во 7:35 часот извести дека водата веќе се зголемила за 1,5 метар, но не прецизираше каде точно.

Бројни Телеграм канали ноќеска објавија дека хидроцентралата Каховска, која е под контрола на руските сили, наводно е целосно уништена, а некои објавија и снимки од урнатата брана.

„Имаше неколку удари во два часот по полноќ во горниот дел на хидроцентралата…и таа се урна. Браната не е уништена и тоа е голема среќа“, изјави Владимир Леонтиев, шеф на руската управа на градскиот округ Новокахов.

Тој додаде дека после тоа нивото на водата низводно пораснало за 2,5 метри.

Слични содржини