ДС бара да се запре со изградбата на мали хидроцентрали

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз ги поддржува граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф.

Според партијата на Павле Трајанов, со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот.

-Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот. Тоа е злосторство против природата и човештвото, сметаат од ДС.

Од партијата бараат Владата да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија.

Вчера еко-активисти од Гевгелија, Кавадарци и Неготино се собраа на „Смрдлива вода“ на Кожуф и со протест го изразија своето незадоволство и револт од најавената изградба на мини хидроцентрали на реката Дошница. Според нив со евентуална изградба на мини хидроцентралите ќе се наруши биодиверзитетот на планината Кожуф која е основа за развој на туризмот.

Слични содржини