ДУИ во вториот круг ќе го поддржи кандидатот кој ќе се согласи претседателот да се бира во Собранието

од Nikola Popovski

Портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми денеска одржа прес-конференција пред Kабинетот на претседателот на државата во пресрет на почетокот на кампањата за собирање потписи за кандидатите за претседателската трка. ДУИ. како што соопшти вчера нејзиниот лидер Али Ахмети, започна со собирање потписи за Бујар Османи.

-Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус и да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии.

Бараме апсолутна, масовна поддршка на Албанците и другите граѓани за кандидатот Бујар Османи, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за бирање на шефот на државата во Собрание и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство. Ова ќе биде ставот на ДУИ за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори и ќе успееме, рече Адеми пред медиумите.

Прашан дали условот на ДУИ најавува бојкот на вториот круг на претседателските избори, Адеми рече дека бојкотот не е соодветно средство.

-Целосно сме фоскурани на освојување што поголема поддршка. По сите градови во Македонија се потпишуваат граѓани за кандидатурата на Османи. Максимално сме фокусирани за да издвојуваме победа, кажа Адеми.

Слични содржини