ДЗР: Законски недоречености за финансиска поддршка на иновациите

од Nikola Popovski

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Финансиска поддршка (ко финансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој‘‘ кај Фонд за иновации и технолошки развој согласно Годишната програма за работа за 2022 година за период од 2019 до 2021 година.

Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност и тоа:

-Не е извршено ажурирање на Статутот на ФИТР со измените на законската регулатива, со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од  страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и др. состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност;

-Извршување на активности од страна на ФИТР, кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со Планот на Владата на РСМ за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари;

-Нецелосна реализација на мерките и активностите утврдени со Стратегија за иновации на РСМ 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015,2016-2018и 2019-2020 година. Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани;

-Отсуството на Стратегија за паметна специјализација , а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира;

– во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности, велат од ДЗР.

Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената
финансиска поддршка.

-Исто така констатирано е дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од
средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места, со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8.

Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари, стои во соопштението од ДЗР.

Слични содржини