Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Попова Шапка

од Vladimir Zorba

Поради излетување од коловозната лента маж на возраст од 80 години го изгуби животот, попладнево по 17 часот на патот Тетово-Попова Шапка кај месноста Расадиште.

-Патничко моторно возило „рено меган“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информираа од СВР Тетово.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поради сообраќајната несреќа за интервенција била повикана и противпожарната единица од Тетово.

Слични содржини