Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, порача Заев

од Nikola Popovski

Нашиот македонски сон стана реалност! Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик, вака поранешниот премиер Зоран Заев го прокоментира вчерашното потпишување на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс.

Заев потенцира дека земјава потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.

-Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата…Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет! Радувај се мој македонски народе! Испишавме историја!, објави поранешниот премиер на социјалните мрежи.

Клучно е дека документот, покрај 24 јазици на ЕУ е потпишан и на македонски јазик без какви било додавки.

Европската Комисија, со поддршка на „Фронтекс“, ќе ги зајакне капацитетите на земјите од Западен Балкан во нивното управување со миграцијата, борбата против шверцот и обезбедувањето безбедност.

Со потпишувањето на Договорот се создаваат неопходните правни предуслови коишто ќе овозможат непосредна соработка меѓу надлежните органи на двете договорни страни, за ситуации кога членови на тимот на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража имаат извршни овластувања на територијата на Република Северна Македонија, а во контекст на управувањето со миграциските текови и сузбивањето на незаконска миграција и прекуграничен криминал во земјава.

Слични содржини