ЕK го претстави предлог-законот за слобода на медиумите во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија денеска го претстави нацрт-законот за слобода на медиумите во Европската унија, со цел да се спречи политичко мешање во медиумите и да се запре мониторингот на новинарите.

Законот за слобода на медиумите доаѓа по загриженоста за медиумските слободи во Унгарија, Полска и Словенија, а исто така има за цел да постави построги правила за медиумските конгломерати кои купуваат помали, ривалски медиуми, со што ќе се обезбеди медиумски плурализам и независно уредување, пренесе „Ројтерс“.

„Демократијата ќе функционира само ако новинарите ги имаат потребните средства и заштита да ги проверат оние кои се на власт и оние кои имаат моќ, без разлика дали се политички или економски играчи“, рече еврокомесарката за правда Вера Јурова.

Слични содржини