Еквадорската армија заплени рекордно количество кокаин – 22 тони

од Vladimir Zorba

Рекордни 22 тони кокаин се запленети во воена операција во Еквадор, соопштија денеска еквадорските власти.

Војската соопшти дека дрогата, која била дистрибуирана во 733 големи пакувања, најверојатно ќе била испратена во Азија, Европа и Америка, објави Ројтерс.

Подготовката за операцијата против организираниот криминал траеше шест месеци, што вклучуваше планирање и следење на картелот, се додава.

Слични содржини