„Еквивалент на нуклеарната бомба фрлена на Хирошима“: Израел фрлил повеќе од 12.000 тони експлозив врз Газа од 7 октомври

од Vladimir Zorba

Израел фрлил повеќе од 12.000 тони експлозив врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти во вторникот канцеларијата за медиуми на палестинската енклава.

„Експлозивната моќ на овие експлозиви е еквивалентна на нуклеарната бомба фрлена на Хирошима, Јапонија во 1945 година“, соопшти Канцеларијата за печат во Газа.

Наведено е дека „во просек од 33 тони експлозив се фрлени на квадратен километар врз палестинската енклава откако Израел ја започна својата агресија“.

Појасот Газа, дом на 2,3 милиони луѓе, има вкупна површина од 365 квадратни километри.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа, уништувајќи цели населби.

Во израелските напади во Газа загинаа 5.791 Палестинец, а меѓу жртвите има 2.360 деца, 1.292 жени и 295 постари лица.

Слични содржини