Енрике: Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, не е важно

од Vladimir Zorba

Екипата на Пари Сен Жермен поведе комотно во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против тимот на Реал Сосиедад, победувајќи со 2-0 на „Паркот на принцовите“.

По мечот, тренерот на парижаните, Луис Енрике ја сподели радоста за успехот, но потсети дека ништо не е готово, бидејќи противникот е многу сериозен и сигурно ќе понуди возвратен удар.

„Двете полувремиња беа различни. Првото полувреме беше за Реал Сосиедад и навистина се боревме, ни беше тешко. Фудбалот не е константен и во вториот дел ги променивме работите. Ги притиснавме и го надминавме нивниот пресинг. Многу добро го познавам Реал Сосиедад. Иманол Алгуасил е тренер кој има одлична филозофија на игра. Навивачите ни порачаа да не се плашиме, да бидеме похрабри и дека ако не ја освоиме Лигата на шампионите, не е важно. И јас се чувствувам на ист начин. Мислам дека откако пристигнав тимот се развива. Ми се допаѓа тоа што го гледам. Ние сме тежок тим за пресинг. Одигравме слабо прво полувреме, но сме во рана фаза во нашиот развој. Дури и да се случи да бидеме елиминирани од Лигата на шампионите, мора да ја задржиме нашата филозофија на игра и да не ја менуваме“, изјави Енрике.

Слични содржини