Енрике задоволен по поразот: „Не се предавaме, натпреварот во Барселона ќе биде финале за нас“

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике е убеден дека неговиот тим се уште има шанси да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Францускиот тим синоќа загуби со 2:3 од Барселона на „Паркот на принцовите“, но Луис Енрике беше задоволен од играта на своите играчи.

„Одигравме добро против многу силен противник. На 0:1 ни беше тешко бидејќи Барса самоуверено ја држеше топката. По паузата ја свртевме играта, но не можевме да постигнеме трет гол“, прокоментира шпанскиот стручњак.

„Тоа не е резултатот што го посакувавме, но ништо не е загубено. Ќе одиме во Барселона со огромна амбиција и желба за победа. За нас ова ќе биде како финале. Имам целосна доверба во тимот“, изјави Луис Енрике.

За ПСЖ тоа беше прв пораз на официјален натпревар од почетокот на 2024 година. Парижаните беа во серија од 28 натпревари без пораз.

Слични содржини