Ербас влета во јато птици: Носот на авионот целосно искршен, морале принудно да слетаат (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Авион на компанијата Делта што летал од Флорида бил принуден да слета на њујоршкиот аеродром ЏФК, откако се судрил со јато птици.

Како што може да се види на фотографиите, носот на авионот е целосно вдлабнат.

Ербас А319 превезувал 43 патници до аеродромот Ла Гардија кога се случила необична несреќа.
Како што се наведува, авионот влетал во јато птици, поради што пилотите морале веднаш да реагираат и биле принудени да слетаат на најблискиот аеродром.

Отпрвин, тие помислиле дека авионот бил погоден од град или друга временска непогода, но тие утврдиле дека станува збор за птици.

„Нападите“ на птиците не се вообичаени во областа на Њујорк, но може да предизвикаат сериозно оштетување на авионите во текот на летото.

 

Слични содржини