Ердоган: Американскиот носач на авиони може да прави само масакри во Газа

од Vladimir Zorba

Одлуката на САД да испратат носач на авиони поблиску до регионот на Блискиот Исток може да доведе до масакр, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Што прави американски носач на авиони во Израел? Што ќе прави? Тие ќе ја урнат Газа со удари на околните области и ќе почнат да вршат сериозни масакри“, рече Ердоган на заедничката конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, тој повтори дека Турција е подготвена да посредува меѓу Израел и Хамас и додаде дека ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната.

Слични содржини