Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства кои ги извршил во Газа.

Во телефонски разговор пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, кој е планиран за денеска, Ердоган му рекол на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред очите на меѓународната заедница“, пренесува „Ројтерс“.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, дел од таканаречената „контакт група“ на муслиманските земји кои водат разговори со западните лидери за Газа, ќе присуствува на состанокот во Њујорк во среда.

Израел започна воздушна и копнена офанзива против палестинската милитантна група Хамас во Газа по нападот на 7 октомври.

Слични содржини