ЕУ го блокираше предлогот за воведување санкции за руски производител

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија го блокираше предлогот за воведување санкции на рускиот производител на титаниум VSMPO-AVISMA.

Според извештајот во њујоршкиот деловен весник, предлогот бил закочен откако Франција и другите членки на ЕУ изразиле загриженост поради можна забрана за извоз на титаниум.

Компанијата VSMPO-AVISMA е најголемиот светски производител на производи од титаниум и легура на титаниум, кои се широко користени во производството на авиони, почнувајќи од трупот и деловите на моторот до опремата за слетување. Оваа руска метална компанија е главен снабдувач на титаниум на „Ербас“, така што губењето на испораките од Русија ќе му нанесе голем удар на водечкиот светски производител на комерцијални авиони.

Минатиот месец „Ербас“ јавно ја повика ЕУ да се воздржи од воведување санкции за увоз на руски метали. Според консултантската компанија Аликс Партнерс, приближно 65 отсто од титаниумот на „Ербас“ доаѓа од Русија.

Компанијата VSMPO-AVISMA, која е делумно во сопственост на руската вселенска и воздухопловна корпорација Ростек, која има 25 отсто плус една акција, ги доставува своите производи на повеќе од 450 компании во 50 земји во светот, вклучувајќи ги „Боинг“, „Ербас“, „Ембраер“ и „Ролс -Ројс“.

„Ролс-Ројс“ на почетокот на годинава објави дека привремено ќе го прекине купувањето на руски титаниум поради војната во Украина и западните санкции против Москва.

Медиумите, сепак, подоцна објавија дека „Ролс-Ројс“ не го раскинал постоечкиот договор, повикувајќи се на извори од компанијата, и дека испораките може да продолжат во секое време.

Американскиот производител на авиони „Боинг“ најави дека ќе престане да купува руски титаниум и има намера повторно да се фокусира „на други пазари“

Слични содржини