Европскиот парламент забрани пристап за катарските лобисти

од Stefanija Kuzmanovska

Во четвртокот, европратениците побараа на катарските лобисти да им се оневозможи пристап до парламентот и да се прекине целата работа на законодавните одлуки поврзани со Катар до крајот на случајот за корупција против поранешната потпретседателка на ЕП и другите обвинети.

На овонеделната пленарна седница во Стразбур, европратениците веќе ги разрешија должностите на потпретседателката на парламентот, грчката претставничка Ева Каили, која белгиските власти ја обвинија за корупција, а во четвртокот изгласаа резолуција во која бараа серија мерки за зајакнување на транспатентноста и заштитата од мешање на трета страна.

Резолуцијата за сомнежите за корупција од страна на Катар и поголемата потреба од транспарентност и отчетност во европските институции, заеднички ја предложија сите репрезентативни клубови, откако сите претставници, освен Хрватот Мислав Колакушиќ и двајца воздржани, гласаа за нејзино разрешување во вторникот.

Во четвртокот за резолуцијата гласаа 541 пратеник, тројца воздржани, а двајца беа против, пренесува „Хина“.

Во резолуцијата се бара на претставниците на катарските интереси да им бидат суспендирани картичките за пристап до Европскиот парламент, додека не се обезбедат релевантни информации и појаснувања како дел од судските истраги.

Резолуцијата повикува на суспензија на својата работа на законодавните прашања поврзани со Катар, особено во врска со визната либерализација и планираните посети, додека наводите не бидат потврдени или отфрлени.

Каили, еден од 14-те потпретседатели на парламентот, беше меѓу четворицата уапсени и обвинети во Белгија овој викенд под наводи дека биле поткупени од Катар за да влијаат на парламентарните одлуки.

Белгиската полиција при претресите во петокот запленила поголема сума пари, а меѓу уапсените е и потпретседателот на ЕП од редовите на социјалистите. Тие се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.

Слични содржини