Вниманието на Балканците е насочено кон политиката, што го отежнува правењето на бизнис. Елитите се патолошки силни, а институциите се патолошки слаби. Населението уште не се смирени  од војните, а недовербата не е исчезната. Ова ја  спречува  интеграцијата, од која така очајна има потреба регионот.

емигранти

Неодамна Косово прослави 7-годишнината од прогласувањето на својата независност од Србија, но малкумина се со празнично расположение во најмладата балканска држава. Наместо да одат на роденденот на својата татковина, тие брзаат да ја напуштат и заминат за странство. 18 илјади Косовци, кои пристигнале во Германија во последните месеци, претставуваат 1% од населението на земјата. Сите објаснувања поврзани со нивната имиграција се премногу тенки. Според ОН главната причина е сиромаштијата, но тоа не е нова причина.

Не е задоволувачко и објаснувањето, според кое масовното бегство на Косоварите, е поврзано со гласините дека во Германија кон нив ќе се однесуваат подобро. Уште повеќе, дека меѓу бегалците има голем број претставници на средната класа, кои се добро информирани. Како причина се наведува и поскапувањето на швајцарскиот франк.

Веројатно, постојат неколку причини за масовното напуштање, кои се обединети под еден именител: разочарувањето од ситуацијата во Косово. По јунските избори се појавија надежи за подобрување на ситуацијата, а многумина се надеваа дека ќе има промени, бидејќи владејачката партијаго  загуби мнозинството во парламентот. Но претходните владетели си останаа на власт. Токму средната класа се надеваше дека ќе биде ставен крај на непотизам и ќе се појават подобри перспективи. Овие соништа се уништени, поради што многумина разочарувања доведоа до емигрирање.

Де факто Косово е стабилна земја која не е загрозена, поради оваа причина тие немаат речиси никакви шанси да  го добијат соодветниот статус на бегалци. Ова се однесува и за останатите држави од Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.Овде зборуваме за “стабилни” само од политичка гледна точка земји, но по животен стандард тие не се такви. Приходот по глава на жител во Косово е 23% од просечниот показател во ЕУ.Дури Бугарија, која е на опашката во ЕУ, е со  добро до 48%, а во Хрватска и Словенија показателот  е  соодветни 61% и 85%.

Недовербата попречува интеграцијата

Од сето ова кажано до тука следуваат два заклучока. Прво, членството во ЕУ, како и пред тоа ветува повисок стандард на живот и поради оваа причина останува атрактивно. Треба да се истакне дека Русија и Кина исто така нудат соработка, но тие се сметаат за премногу непредвидливи и себични, за да понудат вистинска алтернатива на ЕУ , на чело со таков авторитетен лидер каков што е Германија. Европа останува главен ориентир за балканските народи и за тоа сведочи оваа насока и  река од заминувања. Ситуацијата може да биде опишана, парафразирајќи ја девизата, кој беше популарен во пресрет на обединувањето на земјата во 1990 г .: “Ќе дојде ЕУ, ние ќе останеме. Ако не, тогаш ние ќе одиме во ЕУ”.

Второ, во моментов целото внимание во регионот е насочено кон политиката, што ја отежнува економијата. Дискурсот се врти кон минатото, властите стабилно ја држат власта, елитите се патолошки силни, а институциите се патолошки слаби. Населението уште не се стабилни  од последиците на војните. Недовербата не е исчезната, гја спречува интеграцијата, од која така очајна има  потреба регионот. За сето наведено се трошат многу сили однадвор, кои би можеле да се насочат за развојот на економијата.

И во тоа Косово, исто така може да послужи за пример. Во малата државица работат Мисијата на ЕУ / ЕУЛЕКС /, мировната мисија на ОН / КФОР /, а исто така и Мисијата на ОН за прашањата на привремената администрација / УНМИК / – иако иа нели самоуправа , предвидено по прогласувањето на независноста во февруари 2008 година Само Мисијата на ОН чини 43 милиони долари годишно – тоа е еднакво на 12% од извозот на стоки од Косово. За Мисијата на ЕУ работат 2000 луѓе – или кажано со други зборови – во Приштина е концентрирана најголемата група од бирократи на Унијата надвор Брисел.

Целта е прво политичка стабилност и дури потоа економска?!

Поради судирите меѓу Албанците и Србите, поради слабите институции во најмладата европска држава слично присуство во некоја мера е оправдано. Но странците треба да се прашуваат дали не се решаваат политички задачи за сметка на економскиот развој.

Од политичка гледна точка, Косово е европска држава во процес на формирање, туку  од економска – земја во развој. Обемот на годишна финансиска помош за Косово достигна 600 милиони долари. Тоа е една десетина дел од БДП. Она што можеме да кажеме за Косово е валидно и за останатите земји од Југоисточна Европа. Проблемот со сиромаштијата во регионот може да биде решен, само ако се користат ефикасно материјалните средства и човечки ресурси. На пример, во областа на образованието или за развојот на малите и средните претпријатија.

Државниот апарат не треба да се раздува што ги тера младите да ја  бараат својата среќа, пред сè во областа на бескорисни бирократија. Ако трансформацијата  не успее, тогаш и понатаму Косоварите ќе “гласаат со своите нозе”.

———-

Кристијан Геjниц, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

Слични содржини