Филипче: Во јуни пристигнуваат 190.000 вакцини Фајзер и 500.000 Синовак

од Nikola Popovski

„Во месец јуни ќе пристигнат околу 110 илјади вакцини преку Ковакс системот и 80.000 преку нашиот директен договор со компанијата  Фајзер“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Тој наведе дека во моментов за вакцинација се пријавени 180.000 граѓани кои што чекаат да добијат термин и 40.000 од тие се над 60-годишна возраст.

„Верувам дека во месец јуни ќе спласне притисокот со новите дози. Досега имаме вакцинирано 47 проценти од граѓаните над 70 години“, вели Филипче, додавајќи дека вакцините од компанијата Синовак, исто така треба да пристигнат во претстојниот месец, во количина од 500.000 дози.

Слични содржини