Форумот на жени на СДСМ ќе ја спроведе хуманитарната акција „Дарувај од срце“

од Vladimir Zorba

Форумот на жени на СДСМ денеска ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарува од срце“ во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.

„Целта на акцијата е да се обезбеди топла облека, обувки, покривки…на нашите сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови“, велат од партијата.

Акцијата, додаваат оттаму, истовремено ќе се одвива во сите градови во земјава, во организација на општинските форуми на жени на СДСМ.

„Собирното место во Скопје ќе биде во паркот Жена борец во 12 часот, од каде што донацијата заедно ќе ја доставиме во пунктот Даре Џамбаз. Хуманоста не познава граници и различност, освен широко отворени срца полни со љубов“, стои во соопштението.

Форумот на жени на СДСМ ги повикува сите граѓани кои се во можност да ја поддржат хуманитарната акција./META

Слични содржини