ФОТО/ВИДЕО: На Скопскиот аеродром пристигнаа останките на загинатите во автобуската несреќа

од Берта Китинска

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички, што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Туристичкиот автобус, во кој главно имало македонски државјани, се запали ноќта меѓу 22 и 23 ноември на враќање од Истанбул во Скопје.

Слични содржини