Франција го подигна нивото на тревога за тероризам по нападот во Москва

Премиерот Габриел Атал во објава на „Х“ рече дека одлуката е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на ИД за нападот (во Москва) и заканите што се надвиснуваат над нашата земја“.

од Бети Божиноска

Француската влада го зголеми вчера нивото на тревога за тероризам на највисоко ниво по терористичкиот напад во руската концертна сала за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, пренесува „Франс24“.

Одговорноста за масакрот, најсмртоносниот терористички напад во Европа, ја презеде авганистанскиот огранок на џихадистичката група.

Премиерот Габриел Атал во објава на „Х“ рече дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот (во Москва) и заканите што се надвиснуваат над нашата земја“.

Најавата дојде откако претседателот Емануел Макрон одржа итен безбедносен состанок поттикнат од терористичкиот напад во петокот во кој загинаа најмалку 137 луѓе, иако црниот биланс најверојатно не е конечен.

Францускиот систем за предупредување за тероризам има три нивоа, од кои највисокото ниво се активира по напад во Франција или во странство или кога се смета дека заканата од напад е непосредна. Подогањето на нивото на тревога овозможува наметнување исклучителни безбедносни мерки како што се засилени патроли на вооружените сили на јавни места (железнички станици, аеродроми и верски места).

Франција повеќе пати беше цел на смртоносни џихадистички напади, вклучувајжи го тука и масакрот во концертната сала „Батаклан“ во 2015 година, кога екстремистите отворија оган врз посетителите на концертот и со часови држеа заложници. Земјата веќе беше во висока безбедносна готовност пред Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз годинава, кои се очекува да привлечат милиони посетители во земјата.

Загриженоста за безбедноста е особено висока за исклучителната церемонија на отворање на 26 јули, која ќе вклучувачамци кои же пловат по реката Сена и огромни толпи кои ќе гледаат од брегот.

Слични содржини