ГАЛЕРИЈА: ВМРО-ДПМНЕ бара правда

од Vladimir Zorba

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва маршираше во Скопје и побара правда.

Протестот започна од пред зградата на Јавното обвинителство, по што членовите и симпатизерите на оваа партија се движеа по кејот на реката Вардар до Врховниот суд.

На протестот присутните извикуваа „Никогаш Северна, само Македонија“,„Сакаме правда“, вееја знамиња со Сонцето од Вергина, а на чело на колоната имаше транспарент на кој пишуваше „Заев е виновен“. Имаше и транспаренти за шефицата на Обвинителството против организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Присутните побараа промена на актуелната власт за, како што велат, да „дојде правдата во Македонија“.

Пред присутните се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој изнесе низа обвинувања кон експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев истакна дека судската и обвинителската власт се „брутално згазени“.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ
Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Борче Поповски

Слични содржини