Гардијан: Коронавирусот е егзистенцијална закана за планинските горили

од Aleksandar Petrovski

Горилите спроделуваат 98 отсто од ДНК со луѓето и можат да добијат респираторни заболувања од луѓето, со смртоносни последици, покажале истражувањата.

Коронотвирус претставува „егзистенцијална закана“ за примати, особено за планинските горили, објави британскиот „Гардијан“.

Весникот наведува дека научниците предупредуваат дека Ковид-19 потенцијално може да доведе до истребување на тој вид.

Затоа, ренџери во Националниот парк Бвинди во Уганда, каде живеат околу 600 горили, носат заштитни маски за лице, користат средства за дезинфекција и се држат на пропишаното растојание од мајмуните.

Со запирањето на туризмот за време на пандемијата на коронавирусот доведе до исчезнување на главниот извор на приход за зачувување на горилита, а се појавуваат стравувања од зголемување на ловокрадството.

Слични содржини