Гејтс: Попрво би купувал вакцини отколку да патувам на Марс

од Stefanija Kuzmanovska

Милијардерот Бил Гејтс вели дека повеќе би сакал да купи вакцини отколку да патува на Марс, бидејќи смета дека тоа не е добар начин за трошење пари.

„Доста е скапо да се оди на Марс. Можете да купите вакцини против сипаници и да спасите многу животи – илјада долари по заштеден живот“, изјави Гејтс за Би-Би-Си.

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна изјави дека сака да го колонизира Марс, а во „вселенската трка“ се вклучи и уште еден милијардер – Џеф Безос.

Слични содржини