Германскиот министер за економија и заменик-канцелар Зигмар Габриел го отфрли барањето на Грција за исплата на репарации за штетите од Втората светска војна.”Веројатноста е нула”, одговори Габриел на прашање каков е шанса неговата земја да и плати нешто на Атина.

20150209.srwwmmeymq

Тој додаде дека ова прашање е затворено со договор склучен пред 25 години. Во неделата, грчкиот премиер Алексис Ципрас, рече дека неговата земја има “морална обврска” да бара отштета од Германија за принуден заем, кој Грција им го дала на нацистите за време на војната, како и други репарации за нејзината четиригодишна  окупација. Некои извори во Атина сметаат дека станува збор за 162 милијарди евра, кои Германија сеуште и ги  должи на Грција.Претходно денеска портпаролот на Министерството за финансии во Берлин соопшти дека германската страна нема што повеќе да каже за ова прашање.

“Ројтерс” објаснува дека станува збор за Договорот за конечно решавање на односите со Германија од септември 1990 година Тој е потпишан пред обединувањето на Германија и е ака договор “Две плус четири”, бидејќи вклучува двете германски држави и четирите главни држави од антихитлеристката коалиција. Во текстот, одобрен и од други земји, вклучувајќи ги Грција, практично се става крај на секакви можни идни побарувања за воени репарации. Неформално овој договор се смета и за конечен крај на Втората светска војна, бидејќи со него сојузниците се откажуваат и од правата и барањата на германска територија. Во 1960 година Западна Германија и преведува на Атина 115 милиони германски марки во рамките на едно од 12 трансакции за надоместување на настрадани држави и денес Берлин смета дека тоа е последниот  надоместок. Во Атина, пак, тврдат дека секогаш  на овие пари гледале  само како на аванс,  и дека следните плаќања требало да се разговараат по обединувањето на двете германски држави, што се случи во 1990 година

Слични содржини