Германскиот канцелар позитивен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на коронавирусот, а неговата влада објави дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фиц.

Шолц на социјалната платформа Х напиша дека има благи симптоми. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во својот кабинет и ќе комуницира телефонски или онлајн.

Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц. Засега нема информации дали канцеларот ќе може да ја води владината седница во среда.

Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирус.

Слични содржини