Ѓоргиев: Заедничкото чествување на Гоце Делчев е гест на добра волја

од Nikola Popovski

Еден од двајцата претседатели на Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања, историчарот, Драги Ѓоргиев го поздравува политичкото заедничко чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

-Ова е трето заедничко по ред. Не е ништо ново. Сепак остава дилема во македонското општество во смисла на тоа каде е тука улогата на Комисијата, бидејќи ние разговараме за некој утврден текст, кој ќе биде предложен до двете влади и кој ќе биде основа за заедничко чествување на Гоце Делчев. Овој гест е добра политичка волја за да ја релаксираме политичката атмосфера кон најгорчливите проблеми, рече Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека како Комисија се уште немаат донесена одлука во однос на Гоце Делчев.

На 4 февруари во Скопје ќе има заедничко одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, но без присуство на двајцата премиери, Ковачевски и Петков. Чествувањето на револуционерот ќе биде на нивото на министерствата за надворешни работи.

Слични содржини