Ѓоргиевска: Примите вакцина што е можно побрзо, повторно се соочуваме со големи бројки

од Берта Китинска

Сопругите на полскиот и македонскиот претседател, Агата Корнхаузер-Дуда и Елизабета Ѓоргиевска денеска испратија порака дека засега само вакцината е единствениот излез од оваа ситуација.

Ѓоргиевска изрази благодарност до полскиот народ за донацијата и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи, како што рече, засега само вакцината е единствениот излез од оваа ситуација.

-Ова не го сфаќам само како чин на пријателство меѓу македонскиот и полскиот народ. Ова всушност е еден зрак на солидарност кој ни е потребен во овие тешки денови на една глобална криза. Во изминативе две години верувам дека секој од нас беше во контакт со некој што беше болен од Ковид. Верувам дека голем број од нас загубија блиски, роднини и пријатели и сметам дека со оглед на сите податоци што постојат, вакцината и засега само вакцината е единствен излез од оваа ситуација. Затоа би сакала да Ве охрабрам сите кои немате примено вакцина, пред се заради себе, заради вашите блиски и сите во околината, да ја примите што е можно побрзо бидејќи повторно се соочуваме со големи бројки секојдневно, истакна Ѓоргиевска.

Слични содржини