Граѓаните со право реагираат – задоцнет потег стар 145 години, вели Ковачевски за комплексот на УЧК и картата на „Голема Албанија“ во Сопот

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски го искритикува покажувањето на картата на „Голема Албанија“ на отворањето на комплексот на УЧК во кумановско Сопот.

-Таквите настани со право предизвикуваат бура од реакции кај граѓаните. Ако добро пресметав утрово, ставање на таа карта е задоцнето 145 години и ако по нешто, може да се отслика, какви биле односите на Балканот пред толку години, се такви слични карти кои секоја држава на Балканот ги има, рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.

За настанот кој што се случи изминатиот викенд, претседателот на Владата порача дека се работи за приватен имот и секако тоа подлежи на законски решенија.

-Сметам дека ние тоа што го имаме денес како општество, не ги прави релевантни таквите мапи. После влегувањето во НАТО имаме други мапи кои што се важни, а тоа е мапата на државите членки на НАТО, како и мапата на обединета Европа, која ја очекуваме, соопшти Ковачевски.

Слични содржини