Грција: Ердоган воопшто не бил во опасност при обидот за воен преврат

од Vladimir Zorba

erdogan-1-630x289

Грчките воено воздухопловни сили тврдат дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е фатен во лага бидејќи, според соопштението, неговиот живот во ниту еден момент не се наоѓал во опасност, ниту го следеле воени авиони, како што изјавил повеќе пати по неуспешниот воен удар во Турција.

Ердоган во едно интервју истакнал дека „за влакно“ ја избегнал смртта, бидејќи го следеле авиони-ловци Ф-16, кои ги контролирале учесниците во пучот.

– Грчки радари постојано го следеа летот на претседателскиот авион во кој се наоѓал Ердоган, се до неговото слетување во Истанбул, изјавија извори од грчките ВВС.

Слични содржини