Груевски бара да се сменат судиите за уривањето на Космос по изјава на Јанева

од desk2

Со 15-минутно доцнење, обвинетиот Никола Груевски влезе на судењето за предметот на СЈО „ТНТ“ одмаздничкото уривање на повеќемилионскиот објект Космос на Фијат Цаноски, на кое што треба да се пуштат 26 бомби како доказен материјал против обвинетите.

Но, на почеток стана еден од адвокатите и побара изземање на целиот судски совет: претседателот Огнен Ставрев, судијата Осман Шабани и тројца поротници. Барањето го поткрепи со изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева која во ТВ интервју кажала дека има прислушувани судии и некои од нив постапуваат во предметите на СЈО кои се водат во Основниот суд Скопје 1.

Советот се повлече 15 минути за да донесе одлука по барање на одбраната на Груевски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и уште тројца обвинети, вработени во општината. Во публиката е и оштетениот Фијат Цаноски, а дојдени се да ги слушаат снимките од разговорите главно меѓу Груевски и Јанакиески голем број граѓани./SDK

Слични содржини