Груевски не ми кажал дека има плацови на Водно, сведочеше Трајановски

од Nikola Popovski

На денешното рочиште за случајот „Плацови на Водно“, во својство на сведок беше сослушан поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Тој наведе дека првообвинетиот Никола Груевски, не му кажал дека има плацови на Водно, ниту дека има и станови на улица „Бихачка“.

Трајановски појасни и дека Груевски не побарал од него или преку друго лице урбанизација на парцели на Водно, пренесе МИА.

Поранешниот премиер Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”. Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра. Покрај Груевски и Мијалков, во случајот се обвинет е и бизнисменот Орце Камчев, како и неколкумина поврзани со нив. Случајот го води судијата Илија Трпков, а обвинителството го застапува Лиле Стефанова.

Следното рочиште е закажено за 18 февруари.

Слични содржини