Гуаидо тврди дека дел од соработниците на Мадуро побегнале во Турција

од desk2

Водачот на венецуелската опозиција и самопрогласен привремен претседател на таа земја Хуан Гуаидо на Твитер напиша дека дел од сoработниците на претседателот Николас Mадуро веќе не се во земјата.

„Војниците се уште не знаат дека високорангирани функционери, кои осудуваат секого, веќе побегнаа во Турција“, напиша Гуаидо на Твитер.

Тој уште еднаш ги повика венецуелските вооружени сили да ја поддржат опозицијата и „да го направат вистинскиот историски избор“.

Претходно денеска, четворица офицери, дотогаш лојални на Мадуро ги напуштија своите позиции и преминаа во Колумбија. Гуаидо одби да ги нарече дезертери.

Слични содржини