Хамас бара отворање на постојан хуманитарен коридор до Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Милитантниот Хамас денеска ги повика арапските и муслиманските земји да ги интензивираат напорите за отворање „постојан хуманитарен коридор за Појасот Газа“ и на тој начин да го спречат Израел, како што наведоа, „да ги изгладни жителите на Газа“.

Во соопштението, Хамас наведува дека помошта што влегла во Газа во претходните два дена не ги покривала растечките потреби на цивилното население, барајќи попатно гориво, храна и медицинска опрема, пишува „Тајмс оф Израел“.

Првиот конвој од 20 камиони влезе во Газа во саботата, а потоа уште 14 камиони со хуманитарна помош во неделата.

Слични содржини