Харизматичниот Че Гевара! Зошто жените го обожаваа

од desk4

Денес се одбележува 52-годишнината од смртта на легендата Че Гевара, прогласена за една од највлијателните личности на дваесеттиот век. Аргентински и кубански револуционер, политичар, лекар, дипломат, водач на герилските движења во Латинска Америка и Африка, еден од лидерите на кубанската револуција – сето ова се однесува на култниот револуционер, кој и понатаму е сакан и омразен од милиони луѓе ширум светот.


Ернесто Гевара е роден на 14 мај 1928 година, но во неговиот извод на раѓање се наведува датумот 14 јуни, со цел неговите неговите родители, богато ирско семејство, да сокријат дека бил зачнат пред свадбата. Тој е најстар од вкупно 5 деца – уште две ќерки и уште два сина се родени во семејството Гевара.
Ернесто уште од рана возраст се одликувал со слободен дух и постојано им создавал проблеми на своите учители и родители. Тој бил вљубен во литература и фотографија, а во тинејџерските години, самиот пишува поезија и се занимава со фотографирање.
По завршување на училиштето, Ернесто се запишал на студии по медицина и во  1953 година добил диплома за дерматолог, но до крајот на животот практично не ја практикувал својата специјалност, бидејќи се откажал од тоа поради револуционерната активност.
И покрај неговата контроверзна слава, Че бил омилен кај жените, а зад себе има два формални бракови. Еве неколку интересни факти, што можеби не ги знаете, за него:

  1. Беше познат и како “Миризливиот“ Че – во младоста, Ернесто бил нарекуван „свиња“ поради лоши хигиенски навики. Гордо ја носел истата блуза по цела недела без да ја менува, и бил „популарен“ со неговиот непријатен мирис.

 

  1. Има пет деца – сепак Ернесто бил голем заведувач и успешно ги освојувал срцата на дамите во текот на целиот живот. Од неговата прва сопруга Хилда Гадеа, има една ќерка, а со втората има четири деца.

    Кубанец или не? Гевара останува во историјата претежно со своите револуционерни активности на Куба, но вистината е дека тој е роден во Аргентина во богато семејство и никогаш не станал кубански државјанин.

    4. Ернесто губитник – во школските години, Че Гевара не се интересираше за ништо друго освен поезија и фотографија, а неговиот омилен предмет на училиште беше математика. Тој избегнува комуникација со своите врсници и е посветен на читање и пишување песни.

    5. Неговите дланки беа ампутирани – откако беше погубен, дланките на Че Гевара беа ампутирани од воен лекар. Неколку часови подоцна, неговото тело беше пренесено во Вјегранде, а дланките му беа пренесени во Буенос Аирес за идентификација преку отпечатоци од прсти.

Слични содржини