Хилари Клинтон го нарече Карлсон „корисен идиот“ поради интервјуто со Путин

од Nikola Popovski

Поранешната кандидатка за претседателка на САД, Хилари Клинтон го нарече американскиот новинар Такер Карлсон „корисен идиот“ како одговор на неговото интервју со рускиот претседател Владимир Путин.

„Тој кажува работи што не се вистинити. Тој како папагал повторува еден куп лаги на Владимир Путин за Украина, па не гледам зошто не би му дал интервју бидејќи преку него може да продолжи да кажува лаги за своите цели и се случи она што тој очекува да се случи“, рекла Хилари.

Карлсон во видеото на социјалната мрежа Х кажа дека „ниту еден западен новинар не се потрудил“ да го интервјуира Путин и дека повеќето Американци немаат поим зошто тој ја нападнал Украина по две години војна.

„Очигледно, постои ризик од вакво интервју“, кажа Карлсон, додавајќи дека тој и неговиот тим „внимателно размислувале за тоа во последните неколку месеци“.

Аби Филип од Си-Ен-Ен веднаш се огласи и рече дека многупати му приоѓале на Путин „повторно и повторно“ за интервју и дека му ги пренеле причините за неговата инвазија на Украина.

Речиси двочасовното интервју беше емитувано на полноќ во четвртокот и донесе нов бран на внимание кај Карлсон, некогаш еден од највисоко оценетите водители во американските вести, а сега аутсајдер во индустријата.

Презентирајќи го интервјуто со Путин, Карлсон рече дека главна тема секако е војната во Украина.

„Го поставивме најочигледното прашање, зошто го направивте тоа – затоа што чувствувате закана, непосредна физичка закана. И тоа е вашето оправдување – и одговорот што го добивме не шокираше“, рече новинарот.

„Путин зборуваше многу долго, веројатно половина час, за историјата на Русија која се враќа во осмиот век. И искрено, мислевме дека ова е техника на филибастеринг и сметавме дека беше досадно, по што моравме неколку пати го прекинувавме, а тој ни одговори дека го нервираат прекините“, додаде Карлсон.

Путин се осврнал и на односите со Србија, велејќи дека Русија морала да ја брани Србија за време на распадот на Југославија бидејќи, како што наведе, Србите се посебен народ и народ близок до Русија.

„Штом почнаа настаните во Југославија, Борис Елцин го крена гласот за поддршка на Србите. Не можевме, а да не застанеме во одбрана на Србите бидејќи Србите се посебен народ близок до нас, со православна култура. народ кој страдаше со генерации“, рекол Путин во интервјуто.

Слични содржини