Хју Џекмен шест пати се лекуваше од рак, а лекарите сега повторно се сомневаат на оваа болест

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Хју Џекмен откри дека повторно прави анализи за рак на кожата. Тој на социјалните мрежи проговори за својата здравствена состојба.

„Здраво луѓе. Сакав да го слушнете ова од мене. Само што направив две биопсии. Резултатите од анализите ги очекувам за неколку дена. Само за потсетување, ракот на базалните клетки е најмалку опасен, но се надевам дека ова ќе ве поттикне да се заштитите од сонцето“, изјави актерот кој моментално има 54 години.

Хју Џекман пред неколку години се лекуваше од карцином на базалните клетки, рак на кожата кој во повеќето случаи е предизвикан од прекумерно изложување на сонце.

Оваа болест првпат му беше дијагностицирана во 2013 година, а оттогаш лекарите шест пати му го отстрануваа овој рак.

Слични содржини