Хоспитализирани нови 55 пациенти болни од Ковид 19, вкупно во Скопје се лекуваат 406 пациенти

Во текот на последното деноноќие, во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти бидејќи имале компликации од Ковид 19, информираше Министерството за здравство, од каде велат и  дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.
„Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, се вели во соопштението.
Инаку, поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во изминатите 24 часа, на Интерните клиники имало 28 приеми, а вкупно се лекуваат 166 пациенти, а на домашно лекување се испратени 32 пациенти.

Слични содржини