Хотели, плажи, базени…езерото Треска ќе биде ново модерно место за одмор

од Берта Китинска

Хотел со 5 ѕвезди бунгалови, викенд куќи и трговски центри превидува новиот ДУП а езерото Треска.

Градоначалникот Блерим Беџети објасни дека просоторт околу езерото кои ќе биде поделен на четири блокови. Во првиот се планираат плажи, базени, аква парк, спортски терени, амфитеатар, ботанички градини.

-Блокот еден на површина од 31 хектар предвидено е да се намени за спорт и рекреација, во блок 2 на површина од 10 хектари ќе бидат изградени бунгалови со максимална височина од 10.20 метри и П+2+Пк односно приземје, два ката и поткровје. Во блокот 3 е предвидена изградба на хотели на површина од 8 хектери со максимална висина од 4.50/11.50 метри и максимален број катови од П/П+2+Пк (четири нивоа). Во блокот 4 предвидено е да се направат трговски објекти на површина од 1.1 хектари“, потенцираше на денешниот брифинг градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити.

Проценката на тимот на Беџети е дека инвестицијата ќе тежи околу двесте милиони евра и ќе отвори многу работни места.Според неговите процени проектот треба да заврши за три години.

“Езеро Треска” е изградено во 1978 година со самопридонес на жителите на Град Скопје претставува рекреативна зона која се простира на 136.000 метри квадратни, длабочина од 1,6 до 3 метри и располага со капацитет Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата.

Слични содржини