Има само 14 години, но веќе се вработи кај Маск; запознајте го младиот гениј

од Stefanija Kuzmanovska

Кога имал само две години, Каиран Квази изговарал целосни реченици, а во градинката на учителките и на другите деца им ги прераскажувал вестите што ги слушнал на радио. Сега се вработи во SpaceX.

Тинејџерот треба да дипломира на факултетот за инженерство на Универзитетот Санта Клара овој месец, по што треба да започне да работи како софтверски инженер во SpaceX на Маск, производител на вселенски летала и сателитски комуникации.

„Мислам дека моите години на факултет беа најсреќните години во мојот живот, бидејќи бев целосно независен“, рече меѓу другото Каиран во интервјуто во петокот.

Тинејџерот рече дека соработката со Starlink, сателитски интернет тим во SpaceX, ќе му овозможи да биде дел од нешто поголемо од него. Тоа не е мал подвиг за некој кој постигнал толку многу на толку млада возраст.

Кога имал само две години, Каиран зборувал со целосни реченици, а кога бил во градинка, на своите учителки и на другите деца им ги кажувал вестите што ги слушнал на радио.

Меѓутоа, кога имал девет години, почувствувал дека неговите училишни задачи не претставуваат некој голем предизвик, а неговите родители, наставникот и педијатарот се согласиле дека е подготвен за понапредно учење. Неговите родители имаа доста проблеми да најдат универзитет кој би го прифатил, но тој го најде своето место на колеџот Лас Позитас во Ливермор, Калифорнија. Младиот човек се префрлил од трето одделение во општински колеџ.

„Се чувствував како да учам на ниво на кое требаше да бидам“, рече Каиран, кој подоцна се префрли на Универзитетот Санта Клара.

Во слободното време Каиран ужива играјќи видео игри, а една од омилените гејминг серии му е „Assassin’s Creed“, чита научно-фантастични раскази од Филип К. Дик и делата на новинарот Мајкл Луис.

Тој ужива да раскажува приказни за својот живот бидејќи неговото патување било исполнето со обиди да ги убеди властите во неговиот интелект и карактер.

„Мислам дека една од работите што навистина сакам да ја направам со раскажувањето на мојата приказна е да ги „предупредувам“ лидерите на позиции на влијание за луѓето како мене“, рече тој, додавајќи: „Се надевам дека ќе ги отворам вратите за повеќе луѓе како мене“.

Семејството на Каиран за списанието BrainGain изјави дека кога имал девет години, тестовите за интелигенција покажале дека неговата интелигенција е на исто ниво со општата популација. Запрашан дали е генијалец, тој се присети како неговите родители му рекле: „Генијалноста е акција, таа бара решавање на големи проблеми кои имаат влијание врз луѓето“.

Откако беше примен во инженерското училиште на Универзитетот Санта Клара, Каиран почувствува дека конечно ја нашол слободата да ја продолжи својата кариера.

Додека бил на колеџ, Каиран и неговата мајка направиле список на места каде што може да аплицира за практикантска работа. Само една компанија ги контактирала. Лама Нахман, директор на Истражувачката лабораторија за интелигентни системи, одржа краток состанок со тогаш 10-годишниот Каиран, кој очекуваше да го добие вообичаениот одговор: „обидете се повторно за неколку години“, рече тој.

Го прифатија.

„Во морето од отфрлања од најпознатите компании во Силиконската долина, таа што го прифати промени сè“, напиша Каиран еднаш на својата страница на Линкедин.

Оваа година Каиран на Инстаграм објави дека се подготвува за ново интервју за работа, објавувајќи фотографија на која е во свечена деловна облека пред својот лаптоп.

Неколку недели подоцна, следеше скриншот, на кој се гледа дека Каиран се вработува во SpaceX.

Кога ќе почне да работи, тој и неговата мајка ќе се преселат во Редмонд, Вашингтон.

Кога го прашале што планира да облече на својот прв ден, Каиран се пошегува преку е-пошта дека планира „да се појави во опрема од SpaceX од глава до пети“.

„Ќе бидам подвижна реклама! Шегата настрана, веројатно ќе носам фармерки и маица за да ме сфатат сериозно како инженер“, додаде тој, пренесе LA Times.

Слични содржини