Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Instagram ја воведе опцијата Reels – со цел да го сруши TikTok

Instagram ја воведе опцијата Reels – со цел да го сруши TikTok

Дали веќе сте го добиле најновото ажурирање на Instagram што ја носи опцијата Reels? Станува збор за функционалноста со која Facebook му парира на TikTok, исто како што некогаш успеа да го сруши Snapchat со Stories.

Reels ќе им овозможи на корисниците да снимаат и уредуваат видеа од 15 секунди, на кои ќе можат да додадат визуелни ефекти, и ќе ги споделат со следбениците во специјалниот дел на Reels сместен во табот „Explore“, или во „приказните“ каде, како и досега, постот исчезнува после 24 часа.

Reels треба наскоро да бидат достапни за сите корисници ширум светот, а во последните месеци е тестиран во Бразил, Франција и Германија.

Во светлината на последната одлука на Трамп да ја забрани социјалната мрежа TickTok во Америка, доколку Microsoft не ја купи, ова е уште еден удар за гигантот на социјалните мрежи, кој во моментов е далеку доминантен во однос на бројот на нови корисници.

Компанијата, исто така, официјално реагираше на својот профил на Twitter, накратко: „Ова се чини познато“.

loading...