„Иран ќе добие одговор, но ќе видиме кога и како“

од Nikola Popovski

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви денеска изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека се уште размислуваат кога и како да го направат тоа.

Иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, рече Халеви, „ќе добие одговор“.

Тој го изјави ова за време на посетата на воздухопловната база Неватим, која, според Израел, претрпела мали оштетувања при нападот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состана со државниот врв за да разговара за можен одговор.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби одби да одговори дали САД биле информирани за плановите на Израел да возврати на нападите од Техерран.

„Ќе ги оставиме Израелците да разговараат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес на одлучување за потенцијален одговор“, изјавил вчера Кирби пред новинарите.

Слични содржини