Италија: Бројот на заразени се зголеми за 14.842, уште 634 лица починале

од Stefanija Kuzmanovska

Во Италија, бројот на заразени лица се зголеми за 14.842 од последниот пресек, додека нови 634 лица починаа како резултат на Ковид-19, нешто повеќе од претходниот ден, како што објави Ројтерс.

Денешниот биланс на нови случаи на заболувања и нови смртни случаи е поголем од вчерашниот, но не и драстично. Во Италија вчера беа потврдени 1.122 помалку новозаразени отколку денес, но бројот на тестирани беше поголем, додека вчера имаше 106 нови смртни случаи.

Во моментот 30.081 пациент се лекува во болниците низ цела Италија поради Ковид-19, што е за 443 помалку од претходниот ден.

192 пациенти биле примени на единиците за интензивна нега, а нивниот вкупен број е намален за 37 на 3.345 од последниот дел, како заради лекување, така и заради смрт.

Во Италија, вирусот е регистриран до денес кај 1.757 милиони луѓе, а починале 61.240 пациенти.

Слични содржини