Итна евакуација на судска зграда во Црна Гора поради дојава за бомба

од Симе Стоиков

Зградата во Подгорица, во која се сместени Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица, е евакуирана поради дојави за поставени бомби, јавува РТЦГ.

Вработените се евакуирани, а полицијата ги проверува просториите.

РТЦГ наведува дека ова не е првпат судовите да се евакуираат поради дојави за експлозивни направи.

На мејловите на судовите пред дваесетина дена пристигнаа пријави кои се покажаа дека се лажни.

Слични содржини