Изгасен пожар во хотелот „Холидеј ин“

од Nikola Popovski

Попладнево избувнал мал пожар во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Тој бил изгасен по брзата интевенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хотелот.

Како што информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), опожарен е градежен отпад од хотелот, кој е во фаза на реновирање и нема гости.

Пријава за пожар поладнево е пристигната и за локација во близина на касарната во Ѓорче Петров, каде е упатена една противпожартна екипа.

Слични содржини