Извори од француската влада: Путин неодамна му ја спомна Хирошима на Макрон, тоа го вознемири

од Stefanija Kuzmanovska

Во неодамнешниот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин, Путин рече дека нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки покажале дека не треба да се напаѓаат големи градови за да се стави крај на војна, се вели во извештаите.

Станува збор за еден од разговорите што Макрон ги имал со Путин за време на војната, но не се знае кога точно се случил тој разговор, пишува „Индипендент“. Украина и западните сојузници шпекулираат за заканата од руски нуклеарен напад, особено со тактичко нуклеарно оружје дизајнирано да предизвика уништување на бојното поле.

Американските медиуми објавија дека Вашингтон има разузнавачки информации кои укажуваат дека високи руски претставници неодамна разговарале кога и како Москва би можела да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина. Но, многумина на Западот се сомневаат дека рускиот претседател ќе го ризикува одговорот на светот по употреба на нуклеарно оружје.

Макрон наводно бил вознемирен по неговиот разговор со Путин

Сојузниците на Русија ја предупредија Русија на било каков напад од тој тип. Кинескиот претседател Си Џинпинг во петокот ги осуди нуклеарните закани на Кремљ. Москва негира дека има планови да го користи својот огромен нуклеарен арсенал и покрај честите навестувања на Путин дека ќе користи нуклеарно оружје.

„Мејл он сандеј“ објави дека извор од француската влада рекол дека Путин ја спомнал Хирошима во разговорот со Макрон и дека францускиот претседател бил „изразено вознемирен“ по разговорот.

„Звучеше како Путин да се заканува дека може да активира нуклеарно оружје на истокот на Украина и дека Киев ќе остане недопрен. Тоа беше значењето на неговото спомнување на Хирошима и Нагасаки“, рече изворот.

„Пораката на Путин е дека сите опции се на маса“

Изворот тврди дека Макрон и Путин несомнено разговарале за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

„Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина поврзана со нуклеарното оружје“, изјави извор од француската влада.

Макрон и Путин разговараа неколку пати за време на војната. Во септември, Путин ја објави својата најјасна закана дека е подготвен да користи нуклеарно оружје.

„Ќе ги искористиме сите средства за да ја одбраниме руската територија“, рече тој.

Исто така, Путин тврдеше дека САД направиле преседан на крајот на Втората светска војна со фрлање атомски бомби врз Јапонија.

Слични содржини