Ја минираат РС на Ист Ривер: Подготвуваат ли Бошњаците во ОН резолуција за геноцидот во Сребреница?

Тајниот план против Србите го смислил амбасадорот Златко Лагумџија, тврди изворот на „Новости“.

од Бети Божиноска

Бошњачкиот дел од мисијата на Босна и Херцеговина во ОН работи независно, без одлука на Претседателството на БиХ, на нова резолуција за Сребреница што треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на ОН во април, неофицијално дознава „Вечерње новости.

Врз основа на овој документ за чие носење лобираат, на 11 јули, денот на одбележувањето на злосторствата во Сребреница, треба да се одржи состанок и соодветна изложба во Њујорк.

Според „Новости“, ова ќе биде уште еден обид за дискредитација на Република Српска и уште еднаш познатите ставови за „најголемиот масакр во Европа по Втората светска војна“, забраната за негирање „геноцид“, за неопходноста настаните од јули 1995 година да се вклучат во училишните програми во Српска итн.

Документот се подготвува во екот на огромниот притисок на Западот врз РС и нејзиното раководство, чија цел е да се поништо Дејтонскиот договор и да се „удави“ српскиот ентитет во унитарна БиХ, па неговата главна цел ќе биде зајакнување на споменатите аспирации.

„Потврдено ни е дека специјалниот претставник на БиХ во ОН, Златко Лагумџија, тоа го прави независно и покрај одлуката на Претседателството и на Министерството за надворешни работи на БиХ и надвор од официјалната дипломатска комуникација со централата во Сараево, како и без координација во мисијата во Њујорк со другите два конститутивни народи. Средствата за секојдневните активности на Лагумџија не се од буџетот на мисијата, туку, како што се претпоставува, од приватни фондации поврзани со емиграцијата на Бошњаците во Швајцарија и во САД“, тврди изворот на „Новости“.

Со изјава се јави и министерот за одбрана Милош Вучевиќ, кој вели дека дека во ОН се подготвува резолуција за Сребреница со која Србите же им биде прикачена етикетата за геноцид.  Тој вели дека нема да се изненади ако повторно има вжештени глави во меѓународната политика кои ќе се обидат да го иницираат и да го подигнат прашањето на ниво на прогласување на српскиот народ и Србија за геноцидна држава.

„Ни претстои голема дипломатска битка без оглед дали навистина се подготвува таква резолуција. Никогаш не можете да се опуштите и мора постојано да работите на заштита на националниот интерес“, рече Вучевиќ.

Според него, неверојатно е некој да има потреба по повеќе од три децении се уште да се врти во тој маѓепсан круг и дека не сака овој регион да напредува и да соработува.

Амбасадорот на БиХ, Златко Лагумџија, кој, судејќи според гласините, го „спакувал“ целиот заговор во ОН, долго време ги промовираше овие тези, па на крајот на минатата година, на одбележувањето на 75-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за геноцид, зборуваше за геноцидот во Сребреница.

„Ја користам секоја можност да не потсетам дека е крајно време пресудите за геноцид да се префрлат од судниците во училниците. Клучните зборови се превенција, вистина, правда и едукација и тие се најважни во актуелната борба против негирањето, неказнивоста и незнаењето, што е насочено кон спречување на геноцидот,“ истакна Лагумџија во таса пригода.

Најостарата полемика за Резолуцијата за Сребреница, која во тоа време ја поднесе Велика Британија, се водеше во 2015 година. Во нејзиниот текст на повеќе места се споменуваше зборот ‘геноцид’ односно се инсистираше ова да мора да се прифати како квалификација што директно би имплицирало дека Србите се геноциден народ како и дека настрадале 8.000 муслимани.

Резолуцијата пропадна по ветото од тогашниот амбасадор на Русија, Виталиј Чуркин.

Република Српска го ангажираше израелскиот историчар Гидеон Грајф да спроведе меѓународна истрага за бројот на жртви во сребреничкиот регион, а извештајот од 2021 година покажа дека бројот на жртви не надминал 3.714.

Грајф го појасни и значењето на поимот „геноцид“, наведувајќи дека тоа е термин што историчарот со еврејск-полско потекло, Рафаел Лемкин, го вовел во 1945 година, а се однесува на „намерата на една група целосно да уништи друг народ.“

Слични содржини